Ирански амбасадор обвинува дека муџахедините во Албанија „користат ново оружје“

илустрација

Под наслов „Што се случува во кампот на муџахедините во Тирана“ тиранската телевизија Топ чанел ја пренесува изјавата на амбасадорот на Иран во Лондон, кој тврди дека „тие таму користат ново оружје“. Според телевизијата, иранскиот амбасадор во Лондон, Хамид Бајединеџад објавиил фотографија за која тврди дека е направена во кампот на муџахедините во Тирана. При тоа амбасадорот ги обвинува муџахедините дека користат „суперкомпјутери за ширење лажни вести против Исламската Република Иран“. Иран ги смета муџахедините за терористичка група и со децении се во отворен конфликт со тамошниот режим. Најмалку 3.000 муџахедини се засолети во Албанија како резултат на договорот на албанската влада со САД. За нив изграден е,како што се нарекува, град на муџахедните.