Средба Путин – Ердоган во Сочи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во црноморскиот град Сочи во Русија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти кабинетот на Ердоган, без да изнесе дополнителни детали. Двете држави имаат војници во Сирија, каде што Турција започна прекугранична офанзива насочена кон курдските борци, а руските сили ги поддржуваат трупите на сириската армија. Турската акција за протерување на курдските сили во северо-источна Сирија започна откако САД почнаа да се повелкуваат од тој регион.