Путин за продлабочување на односите со Африка

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе биде домаќин на првиот досега самит меѓу Русија и Афика. На собирот кој ќе се одржи на 23 и 24 овој месец во Сочи, како што додаде, ќе се разговара за многу прашања, вклучувајќи ги и начините за борба против тероризмот и воената кооперација. Претседателот Путин изјави дека сака поголемо руско присуство на африканскиот континент без да ризикува конфронтација со другите ривали како Соединетите држави и Кина.