Европарламентот за одлуката на Европскиот совет за С. Македонија и Албанија

Европскиот парламент

Европскиот парламент денеска почнува четиридневна пленарна седница на која, меѓу другото, ќе се расправа и за последната одлука од самитот на Европската унија за датумот за преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Европарламентот во своите претходни резолуции изрази силна поддршка на стартот на преговорите со Скопје и Тирана. Европратениците ќе расправаат и за Брегзитот, за членовите и приоритетите на новиот состав на Европската комисија, како и за ситуацијата во Сирија.