Продолжуваат протестите во Каталонија

Барселона

Каталонските сепартисти повторно поставуваа барикади на улиците на Барселона, а биле забележани и судири со полицијата. Тие веќе четири дена протестираат поради казните затвор за сепаратистичките лидери за нивниот обид за одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година. Вчера во Барселона имало и протести на поддржувачите на унијата со Шпанија. Шпанскиот Врховен суд во понеделникот осуди деветмина поранешни каталонски политичари на казна затвор од девет до 13 години.