Разговорите меѓу Британија и ЕУ за Брегзит напредуваат

Преговарачот на Европската унија за Брегзитот Мишел Барние

Преговарачот на Европската унија за Брегзитот Мишел Барние изјави дека во разговорите со Британија бил остварен добар напредок, како и тоа дека двете страни се обидуваат да постигнат спогодба, пред почетокот на денешниот дводневен самит на Унијата во Брисел. „Напредокот е добар и работата продолжува“, рече тој. Британија, според претходно договореното, треба да ја напушти Европската унија на 31 октомври.