САД испраќаат илјадници трупи во Саудиска Арабија

Архива - Уништени инсталации во нафтена рафинерија во Саудиска Арабија.

Во извештаите се цитираат претставници на Пентагон како велат дека во распоредувањето ќе бидат вклучени голем број трупи и две батерии за против-воздушна одбрана „Патриот“, како и системот (ТХААД).

„Земено заедно со другите распоредувања, ова претставува дополнителни 3.000 сили кои беа овластени минатиот месец“, вели во соопштение портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман.

Официјалните претставници на САД најавуваа помали зголемувања на трупите за зајакнување на одбраната во Саудиска Арабија која е водечка земја во светот по производство на нафта и долгогодишен сојузник на САД.

Но, нападите со „проектили и дронови“ од 14 септември врз две големи саудиски нафтени рафинерии со што за пет проценти беше намалено глобалното снабдување со нафта, ја истакна ранливоста на нафтената инфраструктура на кралството.