Седница на Советот за безбедност на ОН за турската офанзива

Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи затворена седница за воената акција на Турција на североистокот на Сирија. Седницата ја побараа пет европски држави членки на Советот, Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска. Турција вчера почна воена операција против курдските сили. Претходно Соединетите држави се повлекоа од таа област со што се отвори вратата за турскиот напад врз курдските сили кои долго време му беа сојузник на Вашингтон во борбата против екстремистите на Исламската држава.