Нобеловата награда за хемија за креаторите на литиум-јонските батерии

Нобеловците за хемија - Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо

Научниците Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо се годинешните добитници на Нобеловата награда за хемија. Наградата им е доделена за развој на литиум-јонски батерии, соопшти Нобеловиот комитет, пренесе Ројтерс.

„Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили. Со нивната работа, годинашните лауреати по хемија ги поставија темелите на бежичното општество и општеството без фосилно гориво“, изјавија од Шведската кралска академија на науки.

Американскиот научник Гудинаф, кој има 97 години, е најстариот добитник во историјата на Нобеловата награда. Наградата од 906.000 американски долари тој ќе ја подели со британецот Витингем и Јапонецот Јошимо.