Помпео-Дендиас: Нова ера во однoсите меѓу САД и Грција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и американскиот државен секретар Мајк Попмео на нивната денешна средба потпишаа протокол со амандмани на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу двете земји. Тие се согласија дека започнува нова ера во билатералната соработка.

Помпео изјави дека Грција е важна за стратешката стабилност во Европа и источниот Медитеран. Дендиас истакна дека неговата земја по кризата се враќа на меѓународната сцена како столб на стабилност во поширокиот регион. Помпео се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос.

Во центарот на Атина се одржаа и протести против посеата на Помпео организирани од анархистички и левичарски здруженија и организации, но и Комунистичката партија.