Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.