Ирска ќе го разгледа одложувањето на Брегзит ако Британија побара

Премиерот на Република Ирска, Лео Варадкар

Премиерот на Република Ирска, Лео Варадкар денеска изјави дека неговата земја ќе размисли да го одложи Брегзит доколку Велика Британија тоа го побара, додавајќи дека тоа е подобра опција отколку да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври.

„Јас го поддржувам договорот до средината на октомври, но ако британската влада побара одложување, тогаш тоа секако дека ќе го разгледаме. Но, мислам дека повеќето членки на ЕУ тоа ќе го сторат само доколку има добра причина“, рече Варадкар за време на посетата на Данска.

Би-Би-Си (БиБиСи) објави дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе испрати писмо од ЕУ во кое се бара одложување на Брегзит, доколку не се постигне договор до 19 октомври.