Меѓуетничките односи тема на разговор меѓу Пендаровски и Зениер

Претседателот Стево Пендаровски и високиот комесар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Високиот комесар на ОБСЕ за националните малцинства Ламберто Заниер го посети македонскиот претседател Стево Пендаровски. Според соопштението од кабинетот на Пендароски тие двајца разговарале за ангажманот и поддршката на ОБСЕ за унапредување на меѓуетничките односи во Република Северна Македонија, во контекст на евроатлантските интеграции. Пендаровски истакнал дека земјава е успешен и позитивен пример во регионот со својот пристап кон градење на односи на толеранција и соработка меѓу различните етнички заедници, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.