Порошенко не се појави на детектор на лаги

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко денеска не се појави на полиграфскиот тест во Институтот за форензика во Киев за случајот поврзан со затајување на данок. Претставникот на институтот пред медиумите соопштилдека биле подготвени за сослушувањето, но тоа не се случило денеска како што било уредно закажано. Судот го одобри ова сослушување во август. Порошенко, пак пред новинарите, на 12 август изјави дека е подготвен да одговара на прашања на детектор за лаги во студио на телевизискиот канал „Прамај“, затоа што како што изјави тогаш, не му верува на Државното биро за истраги.

Од Институтот тогаш одговорија дека е невозможно да се спроведе пренесување во живо на полиграфско сослушување затоа што станува збор за форензика а не за телевизиско шоу.

За време на претседателската кампања во почетокот на годинава, Порошенко уживаше во огромно медиумско покривање на кампањата од „Прамај“ телевизијата, за што локалните медиуми тврдеа дека тој е и крајниот сопственик на каналот, што тој тоа го негираше.