Почнува новата академска 2019/20 година

На факултетите при универзитетите во земјава денеска свечено ќе биде одбележан почетокот на новата академска 2019/2020 година.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на Факултетот за музичка уметност и на Економскиот факултет, со што симболично ќе испрати порака до сите новозапишани студенти на факултетите при УКИМ.

Првиот академски час за новата генерација студенти ќе биде свечено одбележан и на другите универзитети во земјава.