Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија

Министерот Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Тунис Кемаис Зинаи потпишаа Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји на маргините на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации,. Протокол за воспоставување дипломатски односи, како што соопшти МНР, Димитров потпишал и со неговиот ерменски колега Зохраб Мнацаканјан.

Министерот Димитров и неговиот грузиски колега Давид Залкалиани потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства и поставија основа за поинтензивна соработка.

На маргините на Генералното собрание на ОН Димитров имаше билатерална средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевич, кој изразил поддршка за македонските евроинтеграции.