Лекарска комора: наjостри санкции против насилниците во здравствените установи

Архивска фотографија- Градска општа болница 8-ми Септември

Лекарската комора преку соопштение апелира надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на инциденти во здравстените установи.

„Во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници и тоа во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје, на Интерното одделение во Клиничката болница во Тетово и во една приватна болница во Скопје“, посочуваат од Лекарската комора.

Ваквата реакција следува по денешните информации дека во болницата “8-ми Септември” во текот на ноќта имало физички напад врз вработените во болницата од страна на роднини на пациент кој починал на одделението за интензивна нега. Директорот на болницата Христијан Костов, негираше дека имало физички напад туку, како што рече, имало вербален конфликт меѓу роднините на починатиот и дежурната екипа на одделението за интензивна нега.