Лавров: НАТО не добива ништо со членството на Македонија и Србија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека НАТО не доби ништо во врска со безбедноста откако Црна Гора стана членка на Алијансата. „И НАТО нема да добие ништо кога Македонија и Србија ќе и се приклучат на Алијансата“, рече Лавров во интервју за весникот „Комерсант“ во врска со проширувањето на НАТО и со можното членство на Грузија во Алијансата. „Ние нема да почнеме војна, тоа ви го ветувам. Но, нашите односи со НАТО и со земјата која членството во Алијансата го идентификува како нејзин најголем приоритет ќе бидат сериозно поткопани“.