Хан го поздрави гласањето на Бундестагот за преговори со ЕУ во октомври

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан го поздрави гласањето на Бундестагот за отпочнување преговори со ЕУ во октомври за Северна Македонија и за Албанија. „Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ“, напиша еврокомесарот Хан на Твитер. Пратениците во германскиот Бундестаг синоќа со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија. За предлогот гласаа и власта и дел од опозицијата. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.