Белата куќа објави детали од разговорот Трамп-Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп

Белата куќа денеска објави детали од телефонскиот разговор на 25 јули меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски,.

Разговорот покажува дека американскиот лидер побарал од Украина да го истражи поранешниот потпретседател и актуелен демократски политички ривал Џо Бајден чиј син работел во украинска анфтена компанија.

Разговорот стана главна тема во јавноста откако американските медиуми објавија дека свиркач од разузнавањето поднел пријава против Трамп, вознемирен поради ветувањето кои наводно Трамп му го дал на странски лидер.

Разговорот објавен денеска открива дека Трамп сакал Украина заедно со американскиот јавен обвинител, да ги испита неоснованите обвинувања дека Бајден сакал да се меша во истрагата на украинскиот обвинител за неговиот син Хантер.