Врховен суд: Џонсон незаконски го суспендирал Парламентот

Претседателката на Врховниот суд, Бренда Хејл

Британскиот Врховен суд денеска пресуди дека одлуката на премиерот Борис Џонсон да го суспендира британскиот Парламент е незаконска, пренесоа новинските агенции.

Џонсон го суспендираше парламентот на пет недели, за, како што кажа, да се овозможи во традиционалниот Говор на кралицата да се нагласат неговите нови политики. Сепак, највисокиот цивилен суд на Британија заклучи дека било погрешно да се спречи парламентот во извршувањето на неговите должности.

„Ефектите врз основите на нашата демократија беа екстремни“, изјави претседателката на Судот, Бренда Хејл.

Сепак, оваа одлука не значи автоматско поништување на суспензијата и спикерите на двата дома во Парламентот сега треба да одлучат што понатаму. Спикерот на Претставничкиот дом, Џон Беркоу, ја поздрави одлуката и најави дека брзо ќе дејствува.