Мицотакис му ветил на Вучиќ дека Грција нема да го признае Косово

Српскиот претседателот Александар Вучиќ и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имаа средба во Њујорк на која Вучиќ добил уверување од Мицотакис дека Грција нема да ја признае независноста на Косово, пренесоа новинските агенции, повикувајќи се на информации во српските медиуми.

Грција е една од петте земји членки на ЕУ која што не ја признава едностраната независност на Косово.