Трамп најави повеќе американски војници во Полска

полскиот претседател Анджеј Дуда и aмериканскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе војници на САД ќе бидат распоредени во Полска како резултат на новата спогодба меѓу двете земји. Тој додаде дека Полска ќе ги покрие трошоците за новите објекти и оти Варшава барала повеќе американски војници. Спогодбата беше потпишана на состанокот во Обединетите нации со полскиот претседател Анджеј Дуда.