Катица Јанева на исказ за „Рекет“

Катица Јанева

Денеска пред обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција исказ треба да даде поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Таа на 20 август беше приведена во врска со аферата „Рекет“, односно дека ја злоупотребила службената положба и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”. Вчера, и покрај предвиденото исказ не даде Бојан Јовановски, првоосомничниот за аферата „Рекет“.