Времето денеска: претежно облачно и нестабилно

Ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде од 9 до 16, а дневната од 16 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 21 степен.