Антикорупциска ќе ја обжали одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

Антикорупциска комисија / ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, што пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој поднесе тужба против ДКСК, која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска денеска изјави дека ќе поднесат жалба до Вишиот управен суд.

Во образложението на Управниот суд се наведува и дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а исто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.