Сенаторот Греам би сакал Турција пак да купува Ф-35

Американскиот сенатор Линдзи Греам

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека би сакал да види Турција да се врати на американските борбени авиони Ф-35 и ја најави можноста од спогодба за слободна трговија со таа земја. Тој ја даде оваа изјава по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк каде што светските лидери се собираат на 74 Генерално собрание на Обединетите нации. САД ја исклучија Турција од програмата Ф-35 откако Анкара купи руски одбранбен систем од типот С-400.