Управниот суд одлучи во корист на Иванов

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, ја доби тужбата пред Управен суд против Комисијата за спречување на корупција, која отвори прекрошна постапка против него за унапредувањето на генерали пред претседателските избори.

Според Управниот суд, Антикорупциска ја донела одлуката без да му овозможи на Иванов да изложи своја одбрана. Освен тоа, според Управниот суд противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.

Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката, и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази“, стои во образложението на пресудата.

ДКСК сега треба да ја повтори постапката за Иванов. Со новите укази претседателот Стево Пендаровски тројца вработени во Армијата ги разреши од позициите на кои ги постави Иванов, а на двајца им ги потврди позициите.