Јункер: Брегзит без договор води кон граница во Ирска

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека гранични контроли ќе бидат поставени на ирската граница доколку Велика Британија ја напушти Европската унија (ЕУ) без договор за излез. Јункерза „Скај њуз“ изјави дека ЕУ мора „да осигури дека се заштитени интересите на ЕУ и на единствениот пазар“.

Зачувувањето на моменталниот статус на границата меѓу Ирска, земја членка на ЕУ и Британска Северна Ирска е едно од најкомплицираните прашања во разговорите за Брегзит.

Јункер изјави дека во случај на Брегзит без договор да не постојат граници со Ирска, тогаш би можело животно што влегува во Северна Ирска да влезе во ЕУ без никакви контроли.

„Тоа нема да се случи. Треба да го заштитиме здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, рече претседателот на ЕК во заминување.

Јункер посочува дека повлекувањето на Велика Британија од членството во ЕУ, закажано за 31 октомври, е „трагичен момент за Европа“. Јункер, кој самиот ја напушта функцијата на 31 октомври, рече дека Брегзит е во спротивност со духот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, кој во своето време се залагаше за „обединети држави во Европа“.