Јункер смета дека е можен договор за Брегзитот

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер оцени дека е можен договор за истапувањето на Британија од членство во Европската унија и додаде дека е подготвен да се откаже од таканаречниот „бекстоп“ на ирската граница ако се исполнат сите цели. Јункер во изјавата за британски Скај њуз рече дека нема никаква посебна приврзаност кон „бекстоп“, механизам кој треба да обезбеди да нема таканаречена „тврда граница“ меѓу Северна Ирска и Ирска по Брегзитот. Според него, Бргзитот без договор може да предизвика катастрофални последици.