Поранешниот претседател на Тунис Бен Али умре во Саудиска Арабија

Архивска фотографија- Поранешниот претседател на Тунис Зине Ел Абидине Бен Али со неговата сопруга

Поранешниот претседател на Тунис Зине Ел Абидине Бен Али денеска умре на 83 годишна возраст во Саудиска Арабија, соопшти неговиот адвокат Моунир Бен Салх, јавија светските агенции. Тој ова го објави на социјалната мрежа Фејсбук. Претходно адвокатот рече дека Бен Али е болен и дека заради тоа е префрлен во болница. Поранешниот туниски претседател живееше во егзил во Саудиска Арабија откако беше соборен од власт со протестите на 14 јануари 2011 година.