Помпео- САД сакаат мирно решение со Иран

Обединети арапски емирати- Американскиот државен секретар Мајк Помпео на средба со принцот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одговори на заканите од Иран за сеопшта војна наведувајќи дека Соединетите Американски Држави сакаат мирно решение на кризата која се создаде по минатонеделните напади на нафтената инфраструктура во Саудиска Арабија. По средбите со сојузниците во таа земја и во Обединетите Арапски Емирати, Помпео денеска рече дека има голем консензус во регионот дека Иран ги извршил нападите и покрај негирањата од Техеран. Тензиите се зголемија по нападите што се случија на 14 септември врз големи нафтени капацитети во кралството, за што одговорноста ја преземаа јеменските Хути кои се поддржани од Иран.