САД го тужат Сноуден поради објавување книга

Едвард Сноуден

Соединетите држави го тужат контракторот Едвард Сноуден кој со објавување тајни документи во 2013 година разоткри масовно американско прислушување комуникации ширум светот и бараат заплена на сите приходи од продажбата на неговата книга. Според американското Министерство за правда, Сноуден ја објавил книгата без пред тоа да поднел барање за преглед со што ги прекршил спогодбите со Националната безбедносна агенција и со ЦИА. Во мемоарите на Сноуден кого владата во Вашингтон го обвинува за предавство се дава целосен извештај за тоа како дојде до тоа тој да ја открие аферата со прислушувањето. Сноауден побегна во Русија каде што се уште живее.