Времето денеска: сончево и топло со мала облачност

Ќе биде сончево и топло со мала облачност. Од пладневните часови на северот ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 22 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.