Полицијата во Словенија годинава уапсила 9.801 нелегален мигрант

Во Словенија биле регистрирани 9.801 нелегален мигрант во првите осум месеци од оваа година. Само во август имало 2.352 обиди за нелегално преминување на границата, што е највисоко месечно ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата тоа укажува дека има пораст на илегална миграција, иако не толку силна како во годините на масовната мигрантска криза 2015/2016. година.

Повеќето мигранти оваа година биле од Пакистан , потоа од Авганистан, Мароко , по што следат оние од Бангладеш, Иран, Сирија, Турција и други земји од Блискиот исток и Африка.

Минатата година, за осум месеци, словенечката полиција уапси 5.899 нелегални мигранти, а годинава во истиот период 9.801. Бројот на оние што ќе решат да бараат меѓународна заштита во Словенија во однос на лани е зголемен – во првите осум месеци беа поднесени 2.098 барања за азил, а оваа година 2.577 година.