САД и Белорусија ќе си разменат амбасадори

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и државниот помошник секретар за политички прашања Дејвид Хејл

Белорусија и САД по 11 годишна пауза ги обновуваат дипломатските врски. Планот за враќање на амбасадорите го најави државниот помошник секретар за политички прашања Дејвид Хејл. Тој говорејќи пред новинарите за време на посета на Минск, рече дека тоа ќе биде соопштено по разговорите со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Размената на амбасадорите ќе означи „историски“ чекор во обновувањето на билатералните врски, рече Хејл.

Белорусија, на чие чело 25 години е Лукашенко, беше санкционирана од страна на Соединетите Држави и на Европската унија по претседателските избори во 2006 година.

Санкциите ја поттикнаа Белорусија да го отповика својот амбасадор од Соединетите Држави во 2008 година, а американскиот амбасадорот во Минск ја напушти земјата малку подоцна.

Посетата на Хејл на Белорусија следува по посетата на Минск минатиот месец од тогашниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон.