Двајца високи команданти на ОВК пред Судот во Хаг

Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг

Заменикот командант на Генералштабот на ОВК, Сокол Башота, и поранешниот командант на ОВК, Наим Маљоку, ќе се појават денеска и утре на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства за време и по војната од 1998-99 година во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Башота, според порталот „Газета Експрес“, ќе биде интервјуиран денеска во Хаг, додека Маљоку ќе се соочи со истражителите на хашкиот суд утре во главниот град на Словенија, Љубљана.

Поранешниот втор човек на Генералштабот на ОВК изјави дека отпатувал вчера за Холандија, каде што за денеска му е закажано тричасовно интервју во Специјалниот суд, чие седиште е во Хаг.