Вториот дел од рускиот систем С-40 стигна во Турција

Архивска фотографија- Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е завршена испораката на вториот дел од рускиот ракетен систем С-400 и додаде дека системот ќе стане оперативен во април следната година.

Првите делови од системот беа испорачани во јули и покрај предупредувањата од САД дека Анкара ќе се соочи со можни санкции, пренесуваат британските медиуми.

Заради набавката на рускиот ракетен систем, за кој Вашингтон тврди дека не е компатибилен со стандардите на НАТО, САД се заканија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за производството на борбените авиони Ф-35.