Продолжуваат протестите во Хонг Конг и покрај полициската забрана

Хонг Конг- Демонстрантите застанаа и пред конзулатот на Велика Британија, таму вееја знамиња и ја пееја британската химна во обид да добијат меѓународна поддршка, 15.09.2019

Илјадници демонстранти во Хонг Конг се спротиставија на полициската забрана и излегоа на протест во центарот на градот денеска. Полицијата претходно го одби барање на Фронтон за граѓански и човекови права да одржат протест но деномстрантите сепак излегоа на улиците.

Маршот го наруши сообраќајот и ги принуди продавачите да затворат дел од своите објекти. Демонстрантите застанаа и пред конзулатот на Велика Британија, таму вееја британски знамиња и ја пееја британската химна во обид да добијат меѓународна поддршка за својата кауза.

Протестите во Хонг Конг започнаа во јуни кога владата го престави законот со кој се предвидува екстрадиција во Кина за одредени судења. Владата подоцна го повлеќе законот, но демонстрантите ги зголемија своите барања, побараа директни избори и поголема одговорност на полицијата. Повеќе од 1300 луѓе беа уапсени од почетокот на протестите.