Талибанците во Москва на средба со специјалниот руски пратеник за Авганистан

Архивска фотографија- специјалниот руски пратеник за Авганистан Замир Кабулов

Тим преговарачи на Талибанците од канцеларијата на милитатната група во Катар биле на преговори во Москва, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека мировните преговорите со официјалните претставници на САД пропаднале.

Агенцијата Тасс цитирајќи го Мохамед Сохаил Шахен, портпарол на канцеларијата на Талибанците во Катар рече дека нивната делегација вчера се сретнала со специјалниот руски пратеник за Авганистан Замир Кабулов. РФЕ/РЛ од независни извори потврди дека делегацијата била вчера во Москва. Според портпаролот Шахен фокусот на разговорите бил последните случувања во однос на мировниот напредок во Авганистан.

Авганистанската агенција АИП јавува дека талибанската делегација се согласила на можно патување во Кина по завршувањето на посетата на Москва, но дека финална одлука не е донесена од талибанските делегати.Москва беше домаќин на две претходни рунди разговори годинава помеѓу талибански претставници и авганистански официјални лица.