Вучиќ: Да не правиме нешто големо од изјавата на Земан, тоа не е реално

Вучиќ денеска беше во посета на Ватикан

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не треба да се имаат преголеми очекувања дека Чешка може лесно да го смени својот став за признавањето на Косово, по изјавата на чешкиот претседател Милош Земан.

„Ние би го сакале тоа, но не мислам дека е реално. Да не ги креваме очекувањата на нашиот народ. Бескрајно им благодарам на нашите чешки пријатели. Знам колку ја почитуваат и сакаат Србија, но да не правиме големо нешто од изјавата на Земан, па ако не дојде до таква одлука од него да правиме непријател, кој не бил спремен нешто да направи“, рече Вучиќ, кој денес разговараше со папата во Ватикан.