ОН реагира на изјавите на Нетанјаху за анексија на дел од Западниот брег

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во писмено соопштение до јавноста изрази загриженост поради изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека размислува ако победи на претстојните избори да анектира делови од Западниот Брег, како што е долината на реката Јордан, пренесоа новинските агенции.

„Генералниот секретар е загрижен поради изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху во која се изјасни за својата намера ако биде избран да ги анектира долината на Јордан и северниот дел од Мртвото Море, како прв чекор за примена на израелскиот суверенитет над сите населени места и други области во окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението од ОН.