Нетанјаху: Војна во Појасот Газа, изгледа нема друго решение

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во интервју за радиото „Ресехт Бет“, изјави дека Израел веројатно нема да има друг избор освен да влезе во војна во Појасот Газа, пренесоа новинските агенции.

Кога Нетанјаху вели дека Израел веројатно ќе треба да почне воена кампања во оваа палестинска енклава, во ситуација на ексалација на конфликтот во последниве неколку месеци, тој пред сè алудирал на ракетите лансирани од силите на Хамас и Исламски џихад од енклавата меѓу Израел и Египет, која е во блокада откако Израелците се повлекоа од неа во 2005 година, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на објавите во израелските медиуми.

Сепак, Нетанјаху нагласил дека опасната војна е последно средство и додал дека тој нема да испрати израелски сили во Газа сè додека условите за тоа не бидат оптимални.