ЕУ е против идеата на Нетанјаху за aнексија на долината на реката Јордан

Нетанјаху рече дека доколку следната недела на изборите добие нов премиерски мандат сака да ја анексира долината на реката Јордан.

ЕУ нема да го признае планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анексија на долината на Јордан, реагираше Унијата по вчерашниот говор на Нетанјаху, кој рече дека „доколку следната недела на изборите добие нов премиерски мандат сака да ја анексира долината на реката Јордан“, објави германската новинска агенција ДПА.

„Европската унија нема да го признае планот за било какви измени на границите од пред 1967 година. Акција преземена во овој контекст, ќе ги поткопа можностите за решението за две држави и изгледите за постигнување конечен мир”, изјави портпаролот на Унијата.