Ким лично го надгледувал најновото севернокорејско лансирање на ракети

Севернокорејските власти, преку државните медиуми, потврдија дека лично севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун го надгледувал новиот тест на повеќекратниот ракетен фрлач со големи димензии. Со тоа е потврдена пријавата од Јужна Кореја дека Пјонгјанг повторно тестира балистички проектили со краток дострел.

Според медиумите од Пјонгјанг, проектилите летале околу 330 километри пред да паднат во Јапонско Море. Севернокорејската агенција КЦНА јави дека Ким Џонг Ун лично го водел тој тест