Техеран: смената на Болтон знак за неуспех на кампањата против Иран

Џон Болтон

Смената на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон претставува „јасен знак“ дека не успеала американската кампања за санкционирање на Иран, оцени официјален Техеран. Американскиот претседател го отпушти Болтон, а во пораката на Твитер наведе дека не се согласувал со многу негови предлози. Односите меѓу САД и Иран се посебно затегнати од минатата година кога Трамп реши да ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор и повторно да воведе санкции врз Иран.