Побарани 12 години затвор за поранешен албански министер

Илустрација - Суд во Тирана

Албанското Обвинителство за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири.
Поради согласнот на судот за скратена судска постапка казната се намалува за една третина,што значи дека биде осуден со затворската казна во траење од 8 години. Според обвинението Тахири се товари за четири случаи на шверц на наркотични средства од Албанија за Италија во периодот од 2013 до 2015 година.

Според обвинителството Тахири заедно со поранешниот директот на Полицискиот комесаријат во Валона Јаелд Чела,кој повеќе од една година се бара со потерница, ги заштитувале нарко шверцерите.
На денешната судска сеанса биле прочитани и снимени телефонски и разговори во простории.

Тахири ги отфрла сите обвинувања и тврди дека едниот случај бил само една недела откако ја презел функцијата министер додека дргиот два месеца.Што се однесув до обвинувањето за поврзаност со групата “Хабилај”тврди дека неколкупати и била поднесена соодветна пријава додека тој бил министер. И претходно и сега тој тврди дека во прислушуваните рзговори станува збор за друго лице со идентично име и презиме со неговото.