Дендиас: Да можам, би сменил 3 точки од Преспанскиот договор

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, изјави дека Преспанскиот договор не може да се смени, но дека неговата Влада ќе се обиде преку европскиот тек на Северна Македонија да ја убедиме другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија“.

Дендиас, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, отфрли секаква можност за промена на Договорот од Преспа, велејќи дека „Грција има конвенционални обврски кон Северна Македонија кои треба да ги исполни“, но објасни што во иднина би можело да се направи.

За членовите што се однесуваат на јазикот и идентитетот, што грчката владејачка партија ги смета за спорни, шефот на грчката дипломатија вели дека да ја имаше тој можноста, како министер за надворешни работи од Нова демократија, да ги води преговорите, ќе ги сменел конкретните две точки заедно со уште една, т.е. како што рече, „можноста правно лице од приватното право да го користи називот македонски без да може да биде спречено“.

„Овие три работи би сакал, да можев да ги сменам. Но, сега се тука. Што можам да направам?“, вели Дендиас.