Димитров во посета на Франција

Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франција каде ќе има средба со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи и други официјални претставници.

МНР соопшти дека покрај прашањата за актуелните состојби и билатерални односи, високо на агендата ќе бидат интеграцијата и перспективите на државата во пресрет на Советот на ЕУ, како и историскиот чин на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

Димитров ќе присуствува и на свечениот прием во Амбасадата на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.