Новата италијанска Влада положи заклетва

Џузепе Конте

Новата влада на италијански премиер Џузепе Конте, сојузот меѓу Движењето „Пет ѕвезди“ и централнолевичарската Демократска партија, денеска положи заклетва.

Според објавите на италијанските медиуми и на новинските агенции, со просечна возраст од 47 години, ова е најмладата влада во италијанската историја, а една третина од министрите се жени, односно седум од 21 министер.

Еден од најголемите предизвици за новата влада ќе бидат имиграциската политика што ја наметна десничарот Матео Салвини, како и буџетската политика.